Skip to main content

НАТО ја презеде од САД координацијата со воената помош за Украина

Северноатлантската алијанса ја презеде од САД координацијата со западната воена помош за Украина. Целта на преземањето е да се заштити механизмот за поддршка од НАТО-скептичниот новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, јавија дел од западните медиуми.

Трамп, кој ќе ја преземе функцијата претседател во јануари, изјави дека сака брзо да стави крај на војната во Украина, но не откри детали. Тој долго време го критикуваше обемот на американската финансиска и воена помош за Украина.

САД помошта за Украина ја координираше од американската воздухопловна база „Рамштајн“, додека седиштето на новата мисија на НАТО во Украина е лоцирано во американската база „Клеј баракс“ во германскиот град Визбаден.

Новата мисија на НАТО во Украина ќе брои околу 700 лица, вклучително и воениот персонал со седиште во воениот штаб на НАТО во Белгија и логистичките центри во Полска и во Романија.

Во меѓувреме, администрацијата на претседателот Џо Бајден во заминување се обидува да испрати што е можно повеќе оружје во Киев поради загриженоста дека Трамп може да ги намали воените испораки за Украина.

Во својот прв претседателски мандат, Трамп се закани дека ќе ја напушти Алијансата и побара од сојузниците да издвојат три проценти од бруто домашниот производ за армијата. 

Поврзани вести

Deneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme Bonuslarcasibom girişcasibomcasibom girişcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibomcasibom 726Bonus veren sitelerCasibom 2024 - 2025Canlı BahisBedava deneme bonusucasibom güncel giriş