
Најмалку четири лица беа убиени, а осум други беа повредени откако вооружен маж отвори оган во мормонска црква во Мичиген, а потоа го запали и самиот обејкт, пренесува Гардијан.
Две од жртвите на пукањето починаа, а осум други се хоспитализирани, соопштија првично официјални лица, додека вооружениот човек беше застрелан од полицијата. Неколку часа по пукањето, полицијата објави дека пронашла уште најмалку две тела во изгорените остатоци од црквата, кои сè уште не се расчистени и може да содржат и други жртви.
Началникот на полицијата во општина Гранд Блан, Вилијам Рење, рече дека 40-годишен осомничен маж во недела наутро влетал со возило низ влезната врата на мормонската црква, потоа излегол и почнал да пука од автоматска пушка кон стотици посетители на црквата.
Осомничениот подоцна беше идентификуван од официјални лица како Томас Џејкоб Санфорд, од блискиот град Бартон. Американските воени записи покажуваат дека Санфорд бил американски маринец од 2004 до 2008 година и ветеран од војната во Ирак.
Седум од жртвите на пукањето се во стабилна состојба, а една останува во критична состојба. Сè уште не е познато колкумина можеби се повредени поради пожарот.
Ренје, исто така, рече дека полицијата се сомнева дека пожарот бил „намерно подметнат“ од страна на вооружениот човек. Сè уште не е утврден мотивот за нападот.
Истражителите не ги дадоа имињата на жртвите. Официјалните лица изјавија дека поставиле две локални места за повторно обединување.
Федералните агенти од ФБИ и Бирото за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви (ATF) исто така реагирале на местото на настанот, според главниот обвинител, Пам Бонди. Ренје рече дека ФБИ ќе испрати 100 агенти во областа за да помогнат во спроведувањето на истрагата.