Skip to main content

Најмалку 60 лица загинаа во експлозија на цистерна со гориво во Нигерија

Најмалку 60 луѓе загинаа, а неколку други се повредени денеска во северна Нигерија откако камион-цистерна се преврте и експлодираше, соопшти Федералниот корпус за безбедност на патиштата.

Инцидентот во државата Нигерерија уследи по слична експлозија во државата Џигава во октомври минатата година, во која загинаа 147 луѓе, што е една од најтешките такви трагедии во најнаселената африканска земја.

Кумар Цуквам, командант на Федералниот корпус за безбедност на патиштата во државата Нигер, рече дека повеќето од жртвите биле сиромашни локални жители кои побрзале да го соберат истурениот бензин откако камионот се превртел.

-Камионот избувнал во пламен, проголтувајќи уште еден танкер. Досега на местото на настанот се пронајдени 60 тела, се вели во соопштението. 

Поврзани вести