
Во денешните израелски напади врз Појасот Газа загинале најмалку 25 луѓе, соопштија локалните болници.
При израелски напад врз јужниот дел на палестинската енклава загинале најмалку 14 луѓе, од кои поголемиот број жртви се жени и деца. Според очевидци, цел на нападот биле и шаторите во Кан Јунис, каде се сместени стотици илјади раселени Палестинци.
Палестинската црвена полумесечина соопшти дека израелската армија отворила оган на повеќе локации, при што вкупно загинале шест лица.
Во северниот дел на Појасот Газа загинале петмина Палестинци. Тие се движеле кон преминот Зиким, каде пристигнуваат конвоите со помош од Обединети нации и другите агенции.