Skip to main content
На денешен ден падна главниот бастион на нацизмот

На 2 мај 1945 година Црвената армија го зазеде Берлин и и го зададе конечниот удар на нацистичка Германија

На 2 мај 1945 година, Црвената армија целосно го стави под контрола главниот град на Германија за време на Берлинската стратешка офанзивна операција, со што го нанесе конечниот удар против нацистичка Германија.

Градот не беше само идеолошко упориште на нацизмот, туку и еден од најголемите воено-индустриски центри во земјата, па затоа одбраната беше внимателно испланирана и добро подготвена. Битките беснееја дење и ноќе, а напредувајќи кон центарот на Берлин, советските војници се бореа за секоја улица и секоја куќа.

За време на Берлинската операција, советските трупи ја опколија и елиминираа најголемата непријателска група на војници во историјата на војните. Тие поразија 70 пешадиски, 23 тенковски и механизирани дивизии на нацистите, заробувајќи 480 илјади луѓе. Жртвите на Црвената армија изнесуваа 78.291 убиени и 274.184 ранети.

Дури и пред да заврши битката за Берлин, советската команда веќе беше загрижена за тоа како да го обезбеди населението на градот со храна. Беа утврдени норми за храна за различни категории жители на Берлин – работници, градски службеници, деца, лекари и така натаму. Од мај 1945 година, два милиони луѓе имаа потреба од храна.

Покрај тоа, беа преземени мерки за обезбедување лекови за болниците и аптеките. Советскиот воен персонал ги исчисти градските улици од тела, а зградите беа дезинфицирани.

Над 600 учесници во Берлинската операција беа наградени со титулата Херој на Советскиот Сојуз, а тринаесет лица беа наградени со втората „Златна ѕвезда“ на Херојот на Советскиот Сојуз.

Поврзани вести