Skip to main content

Медведев го нарече „глупост“ украинскиот предлог за размена на територии

Дмитриј Медведев, заменик-претседател на моќниот руски Совет за безбедност, го отфрли како „глупост“ предлогот на Киев за размена на делови од руската територија што ја држи за делови од Украина под контрола на Москва.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави за весникот Гардијан дека планира да и понуди на Русија директна размена на територија за да се стави крај на војната.

Медведев, кој беше руски претседател од 2008 до 2012 година, рече дека Русија покажала дека може да постигне „мир преку сила“, вклучително и нападите со беспилотни летала и ракети што го погодија Киев денеска.

Русија контролира нешто помалку од 20 отсто од Украина, или повеќе од 112.000 квадратни километри, додека Украина контролира околу 450 квадратни километри од западниот руски регион Курск, според картите на бојното поле.

Поврзани вести