Skip to main content

Маж избоден со нож во вратот во Франција

Уапсен е мажот што избоде човек во вратот во францускиот град Лион. Член на семејството на напаѓачот го пријавил напаѓачот во полиција откога го препознал кога видеото од нападот станало вирално на интернет, а нападот се случил кога жртвата случајно налетала на него во метро-станица.

Полицијата го уапсила напаѓачот вчеравечер во неговиот дом во областа Венисие, јавуваат француските медиуми.

Претседателот на Метрополис Лион, Бруно Бернард, вчера вечерта на социјалната мрежа Х објави дека осомничениот е уапсен. „По инцидентот, го баравме лицето што го нападна со нож нашиот корисник на метрото по судирот. Овој страшен напад веднаш ги активира нашите служби, а снимката од надзорната камера веднаш ја проследивме во полиција. Лицето штотуку беше уапсено“, напиша тој.

Бернард исто така ѝ се заблагодари на националната полиција за брзите напори во истрагата на инцидентот. „Нашите мисли се со оние што беа жртви на овој чин“, додаде тој.

Инцидентот се случил во неделата, веднаш откога напаѓачот се симнал од возот на метро-станицата Гилотиер во Лион. На снимката од надзорната камера се гледа како тој излегува од платформата и се упатува кон скалите кога друг маж случајно се судри со него.

Се чини дека тие накратко размениле неколку зборови пред напаѓачот да го брка и да му забие нож во вратот. Потоа мирно се оддалечил, а жртвата ја ставила раката на раната и збунето гледала наоколу, очигледно не знаејќи дека штотуку е избодена.

Напаѓачот веднаш побегнал од местото, а полицијата интензивно трагала по него. Во меѓувреме, итните служби на самото место му укажале помош на оштетениот по што тој бил пренесен во болница.

Очевидец изјавил за Frontières дека е чудо што човекот го преживеал нападот.

Поврзани вести