Skip to main content

Маск: Жалам што некои објави за Трамп отидоа предалеку

Facebook/Donald J. Trump

Милијардерот Илон Маск денеска изјави дека жали за некои од неговите минатонеделни објави на социјалните мрежи за американскиот претседател Доналд Трамп, наведувајќи оти отишле „предалеку“.

Жалам за некои од моите објави за претседателот Доналд Трамп минатата недела. Отидоа предалеку, наведе Маск на Икс.

Трамп и Маск минатата недела разменија навреди на социјалните мрежи, при што извршниот директор на „Тесла“ и „Спејс Икс“ законот за трошоците и даноците на претседателот го оцени како „одвратен“.

Маск подоцна избриша некои од своите објави во кои го критикува Трамп, вклучително и една во која се сугерираше дека тој поддржува отповикување на претседателот.

Извори блиски до Маск изјавија дека неговиот гнев почнал да се смирува и оти можеби се обидува да го поправи односот со претседателот.

Поврзани вести