Skip to main content

Маск го нарече советникот на Трамп „идиот“

Фото: Facebook/Donald J.Trump

Илон Маск му возврати на Питер Наваро, еден од главните советници на актуелниот американски претседател Доналд Трамп, нарекувајќи го „идиот“.

Зборувајќи за Си-Ен-Би-Си, Наваро рече дека Маск „не е производител, туку само составувач на автомобили“ кога станува збор за тарифите и трговијата.

-Маск сака евтини странски делови, а ние сакаме да ги правиме дома, рече Наваро.

Овие коментари очигледно предизвикаа бурна реакција на шефот на Тесла, кој на социјалната мрежа „X“ одговори со навреда.

Претходно „Вашингтон пост“ објави дека Маск лично побарал од Трамп да ги укине царините, повикувајќи се на два неименувани извори.

Поврзани вести