Skip to main content

Макрон: Планот за Газа мора да доведе до мир преку решение со две држави

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска го поздрави договорот меѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас за ослободување на заложниците и прекин на борбите во Појасот Газа.

Овој договор мора да го означи крајот на војната и почетокот на политичко решение засновано врз принципот на две држави – изјави Макрон.

Тој додаде дека Франција е подготвена да придонесе кон овој процес и дека попладнево во Париз ќе разговара со меѓународните партнери на конференција посветена на имплементацијата на американскиот мировен план за Газа и поддршката по завршувањето на конфликтот.

Ги повикувам сите страни строго да ги почитуваат условите на договорот – рече Макрон, додавајќи дека тоа е извор на „голема надеж“ за заложниците и нивните семејства, за Палестинците во Газа и за целиот регион.

Поврзани вести