
Лидерите на Г7 ја повторија непоколебливата поддршка за Украина во нејзината одбрана на територијалниот интегритет и право да постои.
Во соопштението, објавено на четиригодишнината од почетокот на руската инвазија врз Украина, се поддржуваат и напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за иницирање на мировниот процес.
Изразуваме континуирана поддршка за напорите на претседателот Трамп за постигнување на овие цели преку почнување на мировниот процес и доведување на страните во директни преговори, Европа мора да игра водечка улога во овој процес, заедно со другите партнери – се наведува во соопштението на Г7.
Исто така, се поддржуваат ветувањата дадени од земјите-членки на Коалицијата на подготвени да обезбедат безбедносни гаранции за Украина, како и обезбедување на финансиска помош за Киев.
Во Г7 членуваат САД, Канада, Јапонија, Германија, Франција, Велика Британија и Италија.

Македонски



