Skip to main content

Кина загрижена поради повлекувањето на САД од Парискиот климатски договор

Кина денеска изрази „загриженост“ поради вторпат повлекувањето на САД од Парискиот климатски договор.

Климатските промени се заеднички предизвик, со кој се соочува целото човештво и ниту една земја не може да остане незасегната или сама да го реши проблемот, изјави портпаролот на кинеското Министерството за надворешни работи Гуо Џиакун.

Пекинг денеска соопшти дека се надева на соработка со Вашингтон за решавање на трговските прашања, откако американскиот претседател Доналд Трамп го почна вториот мандат, при што се закани дека ќе воведе високи царини.

Кина е подготвена да го зајакне дијалогот и комуникацијата со САД. Се надеваме дека САД ќе соработуваат со Кина за заеднички да промовираат стабилност … развој на кинеско-американските економски и трговски односи, наведе Гуо.

Поврзани вести