
Ова не беше само голем музички настан, туку вечер во чест на Македонија, на нејзината независност и на сите генерации кои ја граделе и ја чувале државата., објави премиерот Мицкоски по повод концертот на Дејвид Гета за Денот на независноста.
Благодарност до сите што беа дел од оваа прекрасна вечер и што заедно покажавме дека кога славиме за Македонија, славиме со срце, гордост и достоинство.Нека ни е вечна и независна Македонија, а ваквите моменти нека нè потсетуваат колку многу можеме кога сме заедно.

Македонски

