Skip to main content

Кина е подготвена да испрати свои војници во Украина како дел од безбедносните гаранции

Кина изразува подготвеност да испрати своите воени сили во Украина како дел од безбедносните гаранции за земјата по завршувањето на војната, пишува германски „Велт“.

Според изданието, официјален Пекинг се согласува да учествува во мисијата под услов таа да биде распоредена под мандат на ОН.

По таквите најави, во Брисел се коментира дека таков чекор би можел да го забрза распоредувањето на мировниците на ЕУ, но во исто време постои загриженост дека Кина може да го искористи таквото присуство на кинески трупи во Украина „за шпионажа и отворено да заземе проруски став, а не неутрален во случај на судир“.

Поврзани вести