Skip to main content

Катар и Египет повикуваат да се пристапи кон спроведување на втората фаза од мировниот план за Газа

Катар и Египет го повикаа Израел да ги повлече своите трупи од палестинската територија и брзо да се распоредат меѓународни сили за консолидирање на кревкото примирје со Хамас.

Овие мерки се само дел од втората фаза од мировниот план за Газа, предложен од американскиот претседател Доналд Трамп, во кој Катар и Египет имаат посредничка улога.

Првата фаза од планот, со примена на примирјето во октомври, повикуваше на враќање на сите израелски заложници што ги држеше исламистичката група Хамас во Газа, во замена за ослободување на стотици палестински затвореници во Израел. Таа вклучуваше и делумно повлекување на израелските сили од Појасот Газа, кои задржаа контрола врз приближно половина од територијата.

Се наоѓаме во критичен момент. Сè уште не можеме да сметаме дека има прекин на огнот; прекин на огнот може да биде целосен само со целосно повлекување на израелските сили и враќање кон стабилност во Газа, изјави катарскиот премиер шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани на конференција во Доха.

Во моментов ние – Катар, Турција, Египет и САД – се среќаваме за да преминеме кон следната фаза, истакна тој.

Египетскиот министер за надворешни работи Бадр Абделати и неговиот катарски колега „ја нагласија важноста на континуираните напори за примена на мировниот договор во сите негови фази“, соопшти египетското министерство по средбата меѓу двајцата први дипломати на Египет и Катар на маргините на конференцијата „Доха Форум“.

Претходно Хамас соопшти дека е подготвен да го предаде оружјето на Палестинската автономна власт, која управува со Појасот Газа, „но само под услов да заврши окупацијата од израелската армија“.

Поврзани вести