Skip to main content

Капетан на брод се удави во Скадарско Езеро спасувајќи двајца туристи

Freepik

Капетан на туристички брод трагично го загуби животот вчера доцна попладне во Скадарско Езеро, за време на херојски чин при спасување на двајца туристи.

Капетанот на туристичкиот брод, сопственост на општина Скадар, 51-годишниот Арбен Аламани, се удавил при спасување двајца туристи кои паднале во езерската вода и почнале да се дават. Туристите се спасени и се во добра здравствена состојба, објавија медиумите.

Полициските служби веднаш излегоа на местото на настанот, а потрагата по телото на Аламани продолжи и денеска. Истражниот тим продолжува да работи на целосно расветлување на околностите на инцидентот.

Општина Скадар загуби еден од своите најпосветени луѓе. Чин на хуманост, но за жал со тажен крај. Арбен секогаш беше во служба на посетителите и туристите, придонесувајќи со страст и посветеност до последниот момент од својот живот, стои меѓу другото во објавата на општина Скадар

Поврзани вести