Skip to main content

Канадска парламентарка му понуди на Трамп да и отстапи неколку држави на Канада

Членката на Долниот Дом на канадскиот парламент, Елиабет Меј, јавн му предложи на аериканскиот претсдател Доналд Трамп да и даде на Канада неколку сојузни држави.

Не сакам да го омаловажам Трамп на кој било начин, но од друга страна, Доналд, имаме понуда за тебе. Мислите дека можеме да станеме 51-ва држава. Значи, можеби Калифорнија ќе стане 11-та провинција во Канада. Тоа може да е Калифорнија, но и Орегон, Вашингтон.

На тој начин овие држави ќе добијат универзален медицински систем. И погодете што? Оние закони за оружје што вие во Конгресот се плашите да ги усвоите, а сето тоа поради владиното лобирање за оружје. Ние веќе имаме такви закони! Затоа ги имаме најбезбедните улици во светот! Или барем во Cеверна Америка“, порача Меј.

Ваквата изјава на Меј доаѓа како одго вор на јавно искажаното ислење на Трамп дека Канада би требало да стане 51. сојузна држава во САД.

Поврзани вести