Skip to main content

Канада ќе го зголеми граничниот надзор со САД откако Трамп се закани дека ќе ги зголеми царините

Канада објави нови гранични правила за канадско-американската граница кои вклучуваат сеопфатни безбедносни мерки откако новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе дополнителни 25 отсто царини за сите канадски увозни производи веднаш штом стапи на должност следниот месец, доколку таа земја не се вклучи во запирање на шверцот на мигранти и дрога во САД.

Канадската влада најави дека ќе го зајакне надзорот долж границата со САД, како и заедничките сили на двете земји за борба против меѓународниот организиран криминал, објави Би-Би-Си.

Економистите велат дека зголемувањето на царините за 25 отсто може да и нанесе удар на канадската економија.

Поврзани вести