Skip to main content

Канада ги зајакнува врските со Европа во услови на конфликтот со САД, има идеи да стане и дел од ЕУ

Канада планира да склучи големи одбранбени и трговски договори со Европа, објави Њујорк тајмс. Како што се наведува во текстот, целта е земјата да учествува во производството на европска воена опрема во рамките на своите индустриски погони.

Во тек се преговори за вклучување на Канада во новата одбранбена иницијатива на ЕУ, чија цел е зајакнување на европската одбранбена индустрија и создавање алтернатива на американската.

Во исто време, канадските социјални медиуми се повеќе ги повикуваат граѓаните да се приклучат на Европската Унија, при што поддржувачите на идејата ги истакнуваат сличностите во здравствените системи, културните врски и членството во НАТО.

Поврзани вести