Skip to main content

Камчатка погодена од земјотрес од 6 степени

Freepik

Полуостровот Камчатка на рускиот Далечен Исток утринава беше погоден од земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала, информира Регионалната управа на руското Министерство за вонредни состојби.

Според камчатскиот огранок на Геофизичката служба при Руската академија на науки, земјотресот е поврзан со разорниот потрес што го погоди регионот на 30 јули годинава. Тој земјотрес со магнитуда од 8,8 степени важи за еден од најсилните регистрирани во Камчатка од 1900 година наваму, а по него секојдневно се бележат бројни афтершокови.

Најновиот земјотрес е регистриран на 8 декември, со епицентар во Тихиот океан, на отворено море, на длабочина од околу 15 километри и на 211 километри југоисточно од градот Петропавловск-Камчатски.

Иако не е издадено предупредување за цунами, властите соопштија дека е евидентирана помала материјална штета. Во Сахалинската област, во градот Северо-Курилск, оштетена е зградата на Централната окружна болница, каде пукнала грејна цевка.

Надлежните служби за итни интервенции остануваат во состојба на засилена подготвеност поради зголемената сеизмичка активност во регионот.

Поврзани вести