Skip to main content

Калас: Русија шири дезинформации за да ја дестабилизира ЕУ

Руските дезинформации претставуваaт закана за нашата безбедност и нашиот одговор мора да биде заеднички  изјави високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас, обраќајќи се во Европскиот парламент во Стразбур.

Неодамна видовме во Романија, Молдавија и Грузија дека дезинформациите имаат за цел да ја дестабилизираат ЕУ. Русија, исто така, води војна со дезинформации, со голем дел од нејзините воени напори. Станува збор за координирани и државно финансирани кампањи за манипулација не само во медиумите, туку и во учебниците на руските деца. Ова ќе има влијание во наредните години, слични акции видовме и во СССР, истакна Калас.

– Мора да се спротивставиме на оваа хибридна војна. Бојното поле во оваа војна тече низ нашите демократии – универзитети, парламенти, медиуми. Целта е да се воведе недоверба, да се натераат луѓето повеќе да не знаат во што да веруваат, да се поттикнат локални поделби, да се влијае врз демократското одлучување, вклучително и за време на изборите. Целта е да ги промениме нашите политики, Европа да се воздржи од помагање на Украина, објасни високата претставничка.

Преку социјалните мрежи дезинформациите и искривените информации допираат до широките маси и влегуваат во нашите џебови – преку телефони и апликации. Најдобар начин за борба против овие појави е да се разобличат, да се поддржат слободните и независни медиуми. Традиционалните медиуми и новинарите имаат суштинска улога во спречувањето на пропагандата и дезинформациите да успеат. Големите онлајн платформи, исто така, имаат улога во овој поглед, истакна Калас.

Таа ги повика платформите да ги отстранат можностите за монетизација на дезинформации. 

Поврзани вести

Deneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme Bonuslarcasibom girişcasibomcasibom girişcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibomcasibom 726Bonus veren sitelerCasibom 2024 - 2025Canlı BahisBedava deneme bonusucasibom güncel giriş