
Јужна Кореја е заинтересирана за споделување на искуството на украинските вооружени сили во користењето на дронови.
На средбата меѓу заменик министерот за одбрана на Украина, Серхи Боев и корејската делегација предводена од пратеникот во Народното собрание на Република Кореја, Ју Јанг-вон, двете страни разговарале за соработката меѓу земјите и размената на искуства.
Украинскиот воено-индустриски комплекс сака да соработува со јужнокорејскиот, а претставници од Република Кореја предложиле да се разгледа можноста за одржување заеднички семинар на украински и корејски одбранбени производители, вклучително и во областа на беспилотните летала.
Случувањата од војната во Украина ги следат од целиот свет и новите трендови ги прифаќаат многу вооружени сили, па дури и терористички групи. Таков е примерот со сириски конфликт, каде што јадрото на милитантите на ХТС кои напредуваа против владините сили, беа оператори на беспилотни летала кои ги онеспособија оклопните возила на сириската војска.