Skip to main content

Во „Св. Еразмо“ Охрид првпат се изведени роботски навигирани операции на колено

За првпат во ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ Охрид се изведени три роботски навигирани операции за поставување тотална ендопротеза на колено.

Операциите ги изведе комбиниран медицински тим предводен од проф. д-р Константинос Макридис од Грција, со учество на ортопедскиот тим на болницата.

фото: Фејсбук профил на Хари Шокаровски

Ми претставува особено задоволство да ја информирам јавноста дека за првпат во нашата институција, ЈЗУ „Св. Еразмо“ Охрид, тимот ортопедски хирурзи предводен од проф. д-р Макридис изведува роботски навигирани операции на колено, односно поставување тотална протеза на колено. Со тоа нашата институција влегува меѓу пионерите на роботската хирургија во областа на ортопедијата во Република Македонија“, изјави директорот на болницата, д-р Хари Шокаровски.

Тој додава дека со ваквите достигнувања јавното здравство го следи современиот развој на медицинската наука и технологија, со цел унапредување на здравствената грижа и подобрување на третманот на пациентите.

Од болницата упатуваат благодарност до Министерството за здравство и Владата за поддршката во реализацијата на овој значаен чекор.

Поврзани вести