
Една улица. Една ноќ. Безброј приказни.
На 12ти септември, од 19:00 до 23:00 часот, улицата „Цар Самоил“ и стариот Охрид стануваат една голема отворена сцена на културата.
Ве очекува културна маршрута низ музеи, галерии, ателјеа, стари занаети, изложби, вино, поезија и музика – со содржини на 12 локации.
ШТО ВЕ ОЧЕКУВА?
01 | МАЛЕЗАН ФИЛИГРАН
Презентација на филигранскиот занает, техниката и процесот на изработка.
02 | КУЛТУРА 365 + МУЗЕЈ А. ДЕН ДОЛААРД
Посета на музејот и запознавање со животот и делото на А. ден Долаард.
03 | КОНЦЕПТ XI
Сувенири • Дегустација на вино
04 | КУЌАТА НА РОБЕВЦИ
Изложба „Охрид – свето таинство“ од Зоран Летра
05 | МУЗЕЈСКО-КУЛТУРЕН ЦЕНТАР „ЛАПИДАРИУМ“
„Охрид низ фотографии“ – визуелно патување низ Охрид и неговите приказни.
06 | КУЌАТА НА УРАНИЈА – МАНУ
„Уште една средба со светлината“ од Јордан Манасијески, во организација на Галерија „Букефал“.
07 | СПОМЕН-КУЌА НА ХРИСТО УЗУНОВ
Презентација на ликот и делото на Христо Узунов, поставка и „Писмата на Христо Узунов“, со Михаил Патчев.
08 | НАЦИОНАЛНА РАБОТИЛНИЦА ЗА ИЗРАБОТКА НА СТАРА ХАРТИЈА – ПАНЕВСКИ
Демонстрација на процесот, машините и техниките на изработка на стара хартија.
09 | АТЕЛЈЕ „ТРОН“
Охридската резбарска традиција – материјали, процес на работа и изложба на рачно изработени дела.
10 | ВИЛА „ПУПИН“
Презентација на винскиот подрум и дегустација на вино од Винарија „Охрид“
Инструментална староградска музика – ВИС „Билјана“
11 | ОХРИДСКИ БИСЕРИ „ФИЛЕВИ“
Традицијата, историјата и процесот на изработка на охридскиот бисер.
12 | ДВОР НА ЦРКВАТА „СВ. СОФИЈА“ – ФИНАЛЕ
Изложба на дела од Охридската ликовна колонија 2026
Коктел од Летна Бавча „Канео“
Оперско-инструментален перформанс со Исабела Димовска – мецосопран и Искра Атанасова-Митуш – пијано
ДОЈДИ, ПРОШЕТАЈ И ОТКРИЈ ГО ОХРИД ОДНОВО.
Една вечер во која музеите, старите куќи, ателјеата, занаетите и уметноста излегуваат на улица, а градот станува музеј.
12.09.2026
19:00 – 23:00
Ул. „Цар Самоил“, Стар град – Охрид
Охрид – Град музеј. Само една ноќ. Безброј приказни

Македонски

