
Оваа недела, 13.09.2026 година, на градскиот плоштад во Берово, ќе се одржи традиционалниот книжевен фестивал „МАЛЕМАЛЕ“, кој годинава ќе биде посветен на неговиот основач, Тихомир Јанчовски – Тихо.
Фестивалот ја продолжува неговата искрена желба книжевноста, пишаниот збор и културата да живеат, да се негуваат и да се пренесуваат од генерација на генерација. ![]()
Општина Берово со задоволство ја поддржува реализацијата на овој значаен културен настан и ги поканува сите љубители на книгата, книжевноста и културата да бидат дел од оваа посебна вечер, посветена на творештвото и сеќавањето на Тихо.
Со поддршка на Општина Берово.

Македонски

