Skip to main content

Израелскиот министер за одбрана: И наредив на армијата да напредува во Газа без оглед на преговорите

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац ѝ нареди на армијата да го продолжи напредувањето во Појасот Газа без оглед на преговорите.

Наредив војската да продолжи да напредува во Газа против сите цели, без оглед на какви било преговори, и да ги користи сите потребни средства за заштита на војниците и за елиминирање и уништување на убијците од Хамас, истакна Кац.

Според него, или Хамас ќе ги ослободи заложниците или ќе биде уништен.

Специјалниот претставник на САД за Блиски Исток, Стив Виткоф предложи 60-дневно примирје и ослободување на 28 од 58-те заложници што сè уште се држат во Појасот Газа, во замена за ослободување на 1.200 Палестинци од израелските затвори и непречен проток на хуманитарна помош до енклавата.

Американскиот предлог предвидува двете страни во конфликтот да се договорат за параметрите на делумно повлекување на израелските одбранбени сили од Појасот Газа за време на привременото прекин на огнот. 

Поврзани вести