
Израелскиот министер за национална безбедност, Итамар Бен-Гвир, во израелскиот парламент изјави дека војната против Хамас не смее да престане и дека не смее да се дозволи испраќање помош во Газа.
Во обраќањето од израелскиот парламент, Бен-Гвир изјави дека поразот на Хамас е главната цел на војната и единствениот начин Израел да ги врати своите заложници од Газа.
На 2 март, Израел го блокираше влегувањето на помошта во палестинската енклава. Израелската војска ги обнови нападите врз Појасот Газа на 18 март по двомесечното примирје што започна на 19 јануари.
Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела изјави дека бројот на живи заложници во Газа се намалил од 24 на 21, додека претставници на израелската влада веднаш повторија дека официјалниот број на заложници кои се сметаат за живи е сè уште 24.