
Израелската војска соопшти дека убиле висок член на терористичката група Исламска држава во Појасот Газа.
Според објавата, Мухамед Абд ал-Азиз Абу Зубаида бил убиен во напад врз областа Бурејџ во централниот дел на блокираната крајбрежна територија минатата недела.
Во областа Бурејџ се наоѓа бегалски камп.
Според израелската војска, Абу Зубаида бил задолжен за палестинскиот огранок на групата, надгледувајќи ги политиката, планирањето и нападите во Појасот Газа, Западниот Брег и Синајскиот Полуостров.
Според соопштението, огранокот на Исламската држава во Газа, активно учествува во борбите против израелските трупи.