Skip to main content

Израел прикрил информации дека иранските напади предизвикале сериозна штета на пет воени локации

video printscreen

Израел ги прикри информациите дека Иран погодил пет воени локации, вклучувајќи и голема воздухопловна база при 12-дневната војна, објави новинската агенција „Дејли Телеграф“.

Според пишувањето вкупно, Иран извршил напади врз повеќе од 40 израелски инфраструктурни објекти за време на 12-дневниот конфликт.

Новите податоци биле споделени со британскиот дневен весник од американски академици од Државниот универзитет во Орегон, кои се специјализирани за користење на податоци од сателитски радар за откривање на штети од бомби во воени зони.

Снимките што ги анализиравме покажуваат дефинитивни шеми на експлозии на пет одделни воени локации. Ова е во согласност со ракетните напади што веројатно се случиле за време на врвот на конфликтот“, изјавил за „Телеграф“ Кори Шер, истражувач во тимот на Државниот универзитет во Орегон.

Поврзани вести