
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на 14 јануари го замолил американскиот претседател Доналд Трамп да ги одложи сите планови за напад врз Иран, велат извори за „Њујорк тајмс“.
Нетанјаху се обратил до Трамп да ги одложи сите планови за американски воен напад врз Иран, стравувајќи дека иранската одмазда би можела да биде насочена кон Израел.
Барањето на Нетанјаху доаѓа во услови на загриженост дека Израел сè уште не ги надополнил доволно своите залихи од ракети-пресретнувачи за воздушна одбрана.
Во интервју за „Ен-Би-Си“,Трамп одби да каже дали ќе го нападне Иран.
Нема да ви го кажам тоа“, изјави Трамп.
Сепак, Трамп додаде дека донел одлука со која спасил многу животи.

Македонски





