
Израелската влада е загрижена поради можноста за обновување на проектот за транспорт на катарскиот гас во Европа преку Сирија и Турција, кој повторно е на дневен ред.
Администрацијата во Тел Авив до неодамна планираше Израел да транспортира јаглеводороди од Персискиот Залив во Европа преку израелското пристаниште Хаифа. Сепак, по соборувањето на сирискиот претседател Башар ал Асад и воспоставувањето на новата власт в Сирија, тој план полека паѓа во вода.
Затоа пак, гасоводот Катар-Турција, кој беше повлечен во 2009 година, повторно е на дневен ред.
Израелскиот весник „Једиот Ахронот“ пишува дека зад растечките тензии меѓу Турција и Израел стои енергетската конкуренција.
Поранешната израелска амбасадорка во Турција, Амира Орон, истакна дека Турција игра клучна улога во стабилноста на Сирија и дека Израел треба да размисли за дипломатски контакт со Анкара наместо воена ескалација.
Во написот се наведува дека интервенцијата на администрацијата на Тел Авив во сириските работи може да доведе до отворање на нов фронт.