
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан беше ранет во ногата за време на израелски воздушен напад минатиот месец, објавија денес иранските државни медиуми.
Пезешкијан беше ранет за време на состанокот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, кога израелски авиони ги нападнаа долните катови од зградата во западен Техеран на 16 јуни, објави „Тајмс оф Израел“.
Претседателот на иранскиот парламент Мохамад Багер Галибаф, шефот на иранското судство Голам-Хосеин Мохсени-Едзеи и други високи функционери беа присутни на состанокот со Пезешкијан.
Шест израелски бомби или ракети ги погодија влезните точки на зградата, очигледно во обид да го блокираат излезот на оние што се внатре и да го спречат протокот на воздух, според иранските медиуми.