
Советот на експерти – тело одговорно за избор на врховниот лидер на Иран – треба да се состане во следните 24 часа за да го одреди наследникот на ајатолахот Али Хамнеи, кој беше убиен во израелско-американските напади, јави новинската агенција „Фарс“.
Со божја помош, оваа седница ќе се одржи во следните 24 часа – изјави Хосеин Мозафари, член на 88-членото Собрание, повикувајќи ја јавноста да се воздржи од шпекулации и ширење гласини.
Процесот за транзиција на власта официјално започна минатата недела со цел во најкраток можен рок да се пополни позицијата на Хамнеи, кој управуваше со земјата од 1989 година.
Додека траат подготовките за избор, со земјата привремено управува триумивират составен од претседателот Масуд Пезешкијан, шефот на судството Голамхосеин Мохсени Еџеи и религиозната личност, член на Советот на експерти и Советот на чувари, Алиреза Арафи.
Во меѓувреме, Израел веќе упати отворена закана дека новиот врховен лидер веднаш ќе стане нивна следна „мета“, откако претходно беа извршени напади врз зградите на Совет на експерти во Техеран и светиот град Ком.
МИА

Македонски

