
Змии и крокодили ќе бидат „ставени во служба“ за заштита на индиските државни граници, пишува „Хинду тајмс“.

Како што објави изданието, Индија планира да ги ангажира овие влекачи за да ги чуваат тешко достапните гранични области на земјата, каде што, поради реките и мочуриштата, е невозможно да се постават огради.

Според весникот, предлогот сè уште се проучува, бидејќи постојат ризици за локалното население.


Македонски


