Skip to main content

Инцидент во Париз: Комбе во пламен во близина на канцеларијата на премиерот

Околу 9:30 часот утрово во улицата Rue de Varenne во Париз се запалило бело комбе. Инцидентот се случил во близина на хотелот Matignon, каде премиерот во заминување Себастијан Лекорну требал да се сретне со шефот на Сенатот Жерар Ларшер и претседателката на Националното собрание Јаела Броан-Пиве. Во истиот хотел се наоѓа и канцеларијата на Лекорну.

На неколку видеа објавени на социјалната мрежа X се гледа црн чад кој излегува од страничните врати на комби-то на компанијата Cielis, задолжена за уличното осветлување во Париз. Поставен е безбедносен периметар, известува Le Parisien.

Париската противпожарна служба соопшти дека пожарот не се проширил на соседните објекти и брзо бил изгаснат. Според противпожарецот на лице место, експлозиите кои се слушнале биле детонации на мали аеросолни контејнери, а не на гас.

Се претпоставува дека опремата на компанијата, која се користи за откривање на кратки споеви, се запалила и пламенот се проширил по возилото. Покрај комби-то, се изгорела и шатрата на блиската продавница за сирење. Нема повредени лица.

Поврзани вести