
Американскиот милијардер Илон Маск учествуваше на митингот „Обединете го Кралството“ во Лондон, организиран од крајнодесничарскиот активист Томи Робинсон.
Маск се придружи преку видео врска и во својот говор повика на распуштање на британскиот парламент и промена на владата, тврдејќи дека Велика Британија „не може да чека уште четири години“ до следните избори, пишува Гардијан.
За време на обраќањето, Маск предупреди дека „насилството доаѓа“ и им порача на насобраните „Или ќе се борите или умрете“.
Тој ја нападна левицата, тврдејќи дека тоа е „партија на убијци“ , коментирајќи го неодамнешното убиство на Чарли Кирк, за кое рече дека било прославено од некои од левицата.
Овој митинг, кој се смета за еден од најголемите десничарски настани во последните децении, собра повеќе од 110.000 учесници.
Ова не е прв случај Маск да се вмеша во британската политика, тој претходно критикуваше закони како што е Законот за безбедност на интернет од 2023 година и јавно дискутираше за прашања како што се случаите на злоупотреба на деца.