
Илјадници луѓе денеска протестираа во Париз против зголемената исламофобија во Франција, оддавајќи почит на Абу Бакар Сисе, млад човек од Мали, убиен во џамија во јужна Франција кон крајот на април. Демонстрантите носеа транспаренти со пораки како „Расизмот почнува со зборови, а завршува како Абу Бакар“ и извикуваа „Не на исламофобијата“.
На протестот учествуваа претставници на радикално левичарската партија „Непокорна Франција“, вклучувајќи го лидерот Жан-Лук Меланшон и пратениците Луј Бојар и Ерик Кокерел. Демонстрантите носеа француски и палестински знамиња, а некои транспаренти го критикуваа министерот за внатрешни работи со пораки како „Дури и ако Ретајо не сака, ние сме тука“.
Антирасистичките организации повикаа на протести во Париз и други градови во земјата, при што во Лил се собраа 400 луѓе.
Според податоците на Министерството за внатрешни работи, во првите три месеци од 2025 година, бројот на антимуслимански кривични дела во Франција се зголемил за 72 отсто во споредба со истиот период во 2023 година, со 79 потврдени случаи наспроти 46 минатата година.