Претставници на Хамас во Газа тврдат дека најмалку 12 лица, меѓу кои три девојчиња, загинале во денешните израелски воздушни напади.
Според Цивилната одбрана на Газа, три девојчиња и нивниот татко биле убиени кога нивната куќа во бегалскиот камп Нусејрат во центарот на Газа била погодена во напад.
Во одделен напад, осум лица загинаа кога нивната куќа беше погодена во градот Џабалија во северниот дел на Газа.