
Новозеландскиот глумец Сем Нил, почина во понеделникот на 78-годишна возраст во болница во Сиднеј, а сега е објавена и причината за смртта. Имено, тој починал од пневмонија, потврди неговиот агент.
Ѕвездата од „Паркот Јура“ и „Пики блајндерс“ се бореше со рак со години, но во времето на смртта тој немаше рак, соопшти неговото семејство, опишувајќи ја неговата смрт – како „ненадејна и неочекувана“ претходно оваа недела. Долгогодишниот агент на Нил – Филип Гренц денеска објави соопштение за причината за смртта, откако разговарал со семејството, наведувајќи ги, според него – „неточните информации и отворените лаги“ во медиумите, како причина. Во април оваа година, откако неколку години претходно му беше дијагностициран не-Хочкинов лимфом – вид рак на крвта, Нил објави дека е во ремисија.
Како долгогодишен агент на Сем Нил, разговарав со неговото семејство и би сакал да разјаснам некои детали за неговите обожаватели. Сем почина од пневмонија. Претходно храбро се бореше и го победи лимфомот со нов третман наречен КАР-Т терапија… Нил сними четири проекти по ред во текот на изминатата година, и сите тие ќе бидат објавени наредниве месеци“, напиша Гренц.
Зад себе остави четири деца и осум внуци.
Сем Нил е можеби најпознат по улогата на д-р Алан Грант во „Паркот Јура“, а се појавил и во филмови како „Пијано“, „Лов на црвениот октомври“, „Смрт на море“ и „Последниот хоризонт“, како и во драмската серија на „Би-би-си“ – „Пики блиндерс“. Во текот на неговата кариера од повеќе од 50 години, Нил се појавил во повеќе од 150 филмски и ТВ-улоги. Неговата последна филмска улога беше во „Фокс“ (2025), а телевизиската – во серијата на Нетфликс – „Нескротливо“ (2025). Тој глуми и во претстојните филмови „Годзила против Конг: Супернова“ и „Последното прибежиште“ во 2027 година.

Македонски



