Skip to main content

„Хајнекен“ укинува работни места поради намалената побарувачка за пиво

Фото: Freepik

Холандскиот производител на пиво „Хајнекен“ (Heineken) денеска најави дека ќе укине 6.000 работни места ширум светот и ја намали прогнозата за раст на профитот за годинава.

Според новата стратегија на „Хајнекен“ до 2030 година, компанијата се обидува да оствари поголем раст со помалку ресурси. Вкупно вработени во „Хајнекен“ се 85.000 луѓе.

Компанијата исто така предвидува дека годинава профитот ќе порасне од два до шест проценти, додека минатата година предвидуваше раст од четири до осум отсто.

Пиварниците ширум светот се соочуваат со помала побарувачка на пиво. 

Поврзани вести