Skip to main content

Гутереш: Ситуацијата во Појасот Газа е „катастрофа предизвикана од човекот“

mohammed-ibrahim-on-unsplash

Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш ја опиша ситуацијата во Појасот Газа како „катастрофа предизвикана од човекот, морално обвинение и неуспех на самото човештво“.

Неговата изјава уследи по објавувањето на извештајот на Меѓународниот систем за безбедност на храната (ИПЦ), во кој првпат официјално е прогласен глад во делови од палестинската енклава.

Гутереш на платформата Икс објави дека условите во Појасот Газа наликуваат на „живот во пеколот“.

Тој наведе и дека окупаторот, според меѓународното право, има обврска да гарантира снабдување со храна и лекови.

Не можеме да дозволиме ова ситуација да продолжи неказнето, посочи Гутереш. 

Поврзани вести