Нов голем меѓурасен скандал во САД. 13 затворски чувари и медицинска сестра добиле отказ откако до смрт го претепале 43-годишниот црн затвореник Роберт Л. Брукс во округот Онеида. Жртвата била удирана неколку пати во лицето и стомакот.
На видео објавено на социјалните мрежи се гледа како Брукс го тепаат и го задушуваат болничар и 13 чувари. Следниот ден човекот починал во болница од задушување поради компресија на вратот.
Инцидентот повторно ги разгори веќе горливите прашања за прекумерната полициска суровост во услови на расни тензии во земјата.