
Ценам дека дигитализацијата е еден од клучните елементи коишто во здравството треба да се продолжи – ијави министерот Алиу одговарајќи на новинарско прашање на кој проект е најмногу горд во неговиот мандат како министер за здравство.
Со реконструкцијата на Владата, ресорот здравство ќе го преземе досегашниот директор на ФЗО, Сашо Клековски, кадар на ВМРО-ДПМНЕ.
Значи, јас уште сум министер за здравство до моментот кога во Собрание ќе се изгласа нов министер, и до тој ден, секоја минута ќе работам и ќе придонесам кон здравствениот систем во државата. Јас кога влегов пред 10 години во политиката, влегов за да помагам, но, денеска, после 10 години, со политичкото искуство што го имам, веќе сум во политиката за да променам. За да променам како се води политика и како треба политичар да биде транспарентен и реално да функционира во системот – рече министерот во заминување Алиу.
Алиу истакна дека секој од нас, има обврска да придонесе во заедницата.
Ценам, рече, дека ќе има континуитет здравството. Тој додаде дека е сигурен, оти новиот министер ќе продолжи со политиките коишто веќе ги имаат воспоставено. Затоа што, како што подвлече Алиу, досега креираните реформи биле системски и како такви и ќе продолжеле и во иднина.

Македонски


