Skip to main content

Германскиот министер за одбрана им се закани на граѓаните со задолжителен воен рок

freepik
freepik

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус им се закани на германските граѓани со можно враќање на задолжителната воена служба, која беше укината во 2011 година.

Писториус истакна дека во 2025 година, Германија ќе почне програма за привлекување волонтери во воената служба, дизајнирана да ги мотивира младите луѓе да служат во армијата. Меѓутоа, како што порача Писториус, доколку оваа иницијатива не обезбеди доволен број регрути, владата може да се врати на задолжителната регрутација.

Изјавата е поврзана со „потребата од подобрување на одбранбените капацитети на Германија во услови на геополитички предизвици, вклучително и потенцијални предизвици од Русија“. Писториус претходно изјави дека земјата треба да биде подготвена за можен конфликт до 2029 година.

Министерот го разгледува следново како можно решение: шведскиот модел на воена служба, кој бара од сите граѓани (мажи и жени) на возраст од 18 години да се подложат на задолжителна регистрација и тестирање (физичко, медицинско, психолошко), со последователно распределување на служба до 15% од годишниот контингент.

Покрај тоа, Германија се обидува да ја зголеми големината на својата армија со проширување на своите територијални одбранбени сили, кои ќе бидат составени од резервисти регрутирани во вооружените сили за време на потребната обука.

Неодамна, новиот канцелар Фридрих Мерц ја објави приоритетната задача на новата германска влада – да го претвори Бундесверот во најсилна армија во Европа, што ја потврдува решеноста на германските власти сериозно да се подготват за евентуална војна.

Поврзани вести