
Германија ќе набави над 600 системи за воздушна одбрана „Скајрејнџер 30“ со краток дострел од компнијта „Рајнметал“ во голем договор вреден 9 милијарди евра. Набавката е насочена кон зајакнување на одбраната од дронови и закани со низок лет.
Системите ќе бидат испорачани до 2030 година и се дел од сеопфатен напор за модернизација на германската војска, поради растечките безбедносни загрижености во Европа.
„Скајрангер 30“ може да детектира големи дронови на дострел до 10 км, па дури и микродронови на дострел од 6 км, справувајќи се со растечката закана од комерцијални и воени дронови. Инвестицијата го нагласува стратешкиот пресврт на Берлин кон справување со асиметрични закани, во согласност со надградбите на ниво на НАТО инспирирани од неодамнешните конфликти како оние во Украина.
Германскиот концерн „Рајнметал“ ќе испорача системи за воздушна одбрана „Скајрангер 35“ и на Украина, кои ќе бидат финансирани од замрзнати руски средства, соопшти компанијата.

Македонски








