
Француски поморски офицер ги открил координатите на носачот на авиони „Шарл де Гол“ преку фитнес апликацијата „Страва“, објави веснико „Ле Монд“.
Според изданието, војник по име Артур ги објавил своите податоци за тренинзите на апликацијата, а објавата ги открила координатите на движење на бродот во Медитеранот, како и неговата моментална локација северозападно од Кипар, на околу 100 км од турскиот брег.

Благодарение на објавата на Артур, секој може да ги следи движењата на носачот на авиони, во објавата на тренинзите се содржани податоци од последните месеци, кои весникот подоцна ги потврди со сателитски снимки.
Според податоците за следење, позицијата на бродот во Средоземното Море во близина на Кипар била точно утврдена.
Иако самото распоредување било познато, објавувањето на точната локација во реално време може да претставува безбедносен ризик за бродот, коментира „Ле Монд“.

Македонски


