
Владата на Франција и понатаму е против предлогот на социјалистите за воведување на данок на богатство и покрај тоа што Социјалистичката партија се закани дека ќе го собори премиерот Себастијан Лекорну доколку не се усвои законот.
Во текот на неделата пратениците ќе гласаат за предложениот амандман на социјалистите, но ултрадесничарскиот Национален собир е против зголемување на данокот на богатство.
Предлог-законот предвидува дека лицата со богатство поголемо од 10 милиони евра ќе бидат оданочени најмалку три проценти од нивното богатство, со исклучоци за иновативни и семејни компании.

Македонски








