Skip to main content

Фон дер Лајен нема добиено покана за инаугурацијата на Трамп

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен се уште не добила покана за инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп на 20 јануари, соопшти нејзината портпаролка Пола Пињо.

Ако добие покана, ќе видиме, но во моментов нема планови (да присуствува на инаугурацијата)“, изјави Пињо.

Странските лидери традиционално не присуствуваат на инаугурацијата на американските претседатели од безбедносни причини, но на церемонијата ги претставуваат највисоките функционери.

Покани, меѓу другите, примиле кинескиот претседател Си Џинпинг, поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и италијанскaта премиерка Џорџа Мелони. 

Поврзани вести