Skip to main content

Финска ја обвинува Русија затоа што „руските“ волци масовно ловат „фински“ ирваси

Жителите на Финска ја обвинуваат Русија за драстично зголемениот број на мртви ирваси во земјата.

Како што објави „Си-Ен-Ен“, според податоците од Финското здружение на одгледувачи на ирваси, околу 1.950 ирваси биле убиени оваа година, што е за речиси 70 проценти повеќе од минатата година. Според мислењето на Финците, ова е вина на руските волци, кои ја преминуваат границата меѓу земјите и убиваат ирваси.

Истовремено, популацијата на волци драстично се зголемила. Додека во пролетта 2024 година имало околу 295, тој број сега се искачил на 430.

Како што се вели во статијата, ваквиот тренд се должи на фактот дека руските ловци отишле на фронтот и престанале да ги убиваат предаторите кои напаѓаат ирваси.

Финците се жалат дека дека Русите се виновни за неконтролирано однесување на „руските“ предатори, кои, чувствувајќи ја слободата, немилосрдно ги напаѓаат финските одгледувачи на ирваси.

Но, најлошото е што локалните власти се бавни во реакцијата и се неподготвени да им платат надомест на одгледувачите на ирваси.

Претходно, финскиот премиер Петери Орпо обелодени за многу лошата состојба на економијата на земјата и ја обвини Русија за тоа.

Ова е поради заканата од Русија. Атмосферата во Финска е многу тешка“, изјави тој.

Поврзани вести