Skip to main content

Евростат: Стапката на невработеност во еврозоната непроменета на 6,2 проценти

Фото: Freepik

Стапката на невработеност во еврозоната во мај остана непроменета, покажуваат податоците што денеска ги објави Евростат.

Стапката на невработеност во мај изнесуваше 6,2 проценти, што е непроменето во споредба со април, но претставува пад во однос на 6,3 отсто забележани во мај 2025 година. Економистите предвидуваа дека стапката на невработеност благо ќе порасне на 6,3 отсто.

Податоците покажуваат дека бројот на невработени во мај се намалил за 55.000, на вкупно 10,986 милиони лица. Во споредба со минатата година, невработеноста е намалена за 158.000.

Стапката на невработеност кај младите во мај остана стабилна на 14,7 проценти, пренесе ДПА.

Стапката на невработеност на ниво на целата ЕУ во мај исто така остана непроменета и изнесуваше 5,9 отсто. Оваа стапка изнесуваше 6 проценти во истиот период минатата година. Стапката на невработеност кај младите во ЕУ благо порасна на 15,2 отсто во споредба со 15,1 отсто од претходниот месец.

Поврзани вести